Јапонија, преку програмата за поддршка на мали проекти (Japanese Grant Assistance for Grassroots Human Security Project), во понеделникот додели вкупно 225.472 евра неповратна помош за проекти во четири македонски општини. Средствата ќе бидат искористени за подобрување на образовните и на санитарните услови во општините Куманово, Карпош, Демир Капија и Кочани. Во процесот на селекција ги земавме в предвид напорите за помирување на етничките заедници. Од се срце се надевам дека овие проекти ќе донесат многу корист на сите етнички заедници во Македонија подеднакво. Од доделените средства, 53.105 евра ќе бидат искористени за подобрување на системот за греење во ОУ „Магдалена Антова" во општина Куманово, во кое учат околу 700 ученици.
Јапонија, преку програмата за поддршка на мали проекти (Japanese Grant Assistance for Grassroots Human Security Project), во понеделникот додели вкупно 225.472 евра неповратна помош за проекти во четири македонски општини.
Средствата ќе бидат искористени за подобрување на образовните и на санитарните услови во општините Куманово, Карпош, Демир Капија и Кочани.
„Во процесот на селекција ги земавме в предвид напорите за помирување на етничките заедници. Од се срце се надевам дека овие проекти ќе донесат многу корист на сите етнички заедници во Македонија подеднакво", изјави Наојоши Јонејама, дипломат од јапонската амбасада во Виена, на церемонија на потпишување договори со преставници од општините-корисници на средствата.
Од доделените средства, 53.105 евра ќе бидат искористени за подобрување на системот за греење во ОУ „Магдалена Антова" во општина Куманово, во кое учат околу 700 ученици. Благодарение на спроведувањето на проектот, во училиштето ќе бидат инсталирани 103 радијатори за греење, со што ќе се заменат дотраените печки на дрва што се користеа досега.
Во Општина Карпош со 55.232 евра ќе се помогне реновирањето на градинката „Пролет", која сместува околу 250 деца. Со реализацијата на проектот, во објектот ќе бидат заменети застарените дрвени прозорци и врати со ПВЦ прозорци и врати, а ќе бидат реновирани и тоалетите.
Вкупно 65.684 евра ќе бидат искористени за набавка на возило за собирање смет во општина Демир Капија, како и 15 контејнери што ќе се постават во населените места во општината.
Општина Кочани, пак, доби 51.541 евра од јапонската помош. Средствата ќе се искористат за набавка на модерно возило за собирање смет, што ќе придонесе за унапредување на санитарните услови во општината.
Јапонија во Македонија доделува грант помош за мали проекти од 1996 година. Досега се помогнати 90 проекти со вкупно 4.850.000 евра.